На самиот почеток основна дејност на истата беше увоз на електро материјали кои беа продавани на Електродистрибуциите низ Р. Македонија. Нашата градинарска приказна започнавме да ја пишуваме во 1996 година кога за прв пат ги увезовме првите косалки за трева (електрични и бензински). Набргу потоа испишавме цели фермани на оваа тема и за кусо време станавме лидери во областа на градинарските артикли: косалки, трактор косалки, прскалки за трева, градинарски алатки и др.. Веќе долги години соработуваме со реномирани фирми како што се: MTD, IKRA, MAX, Xcellent, ENOITALIA, ROVER POMPE, LEA, INTEX и сл. Вложуваме константни напори за да бидеме во тек со потребите на нашите потрошувачи и постојано да ја зголемуваме палетата на производи. Со многу елан Ви стоиме на раполагање, подготвени да излеземе во пресрет на секое Ваше барање и потребa, надевајќи се на долгорочна деловна соработка со Вас.